NOVATA LJUBOV NA HELENA ROZA

Članak objavljen: 16.12.2008 u 11:53 časova

Откако повторно седна на водителската фотелја, Хелена Роза е мета на озборувањата и на папарацо-фоторепортерите. Иако често знаеше успешно да ја сокрива својата приватност, неколку пати успеавме да ја разоткриеме. Најпрво, Хелена ја фативме пред неколку месеци во прегратката на популарниот пејач Елвир Меќиќ за таа, неодамна, во интервјуто во нашиот магазин, да изјави дека повеќе милува девојки, отколку момци. И кога сите мислеа дека Хелена е подготвена да даде секаква изјава за да биде контроверзна, таа и овој пат не демантираше, уловувајќи ја како си разменува нежности и бакнежи со една девојка. На фотографиите за првпат ја гледаме Хелена во едно досега непознато издание. Водителката за чија сексуална ориентација уште откако се појави на македонската сцена се коментира и се полемизира, ја фативме додека се бакнува со 24-годишната новосаѓанка и поранешна мис на Србија и Црна Гора – Драгана Дујовиќ. Инаку, Драгана која е службено дојдена во Скопје поради некаква соработка со “А1 ексклузив”, со Хелена се запознале неодамна. Како вистинска домаќинка, Хелена беше задолжена Драгана да се чувстува пријатно во нашиот главен град. Двете се неразделни веќе неколку недели, а Хелена и Драгана се почесто можат да се видат низ скопските кафулиња. Српската манекенка често знаела да се појави на снимањето на емисијата и со часови да ја чека својата нова пријателка. Двете секојдневно се слушале, опсипувајќи се меѓусебно со романтични смс-пораки и често ненајавено знаеле да се изгубат по неколку часа. Колку животот на Хелена и се промени на подобро, говорат и овие папарацо-фотографии, направени во едно скопско кафуле, каде што Хелена заедно со другарката Драгана си разменува бакнежи, а потоа двете како вљубени тинејџерки го напуштија кафулето.

Autor: Александар Наков

Foto: Александар Наков

Povezane vesti:

Марјана и Пеце раскинаа?!
Тамара Тодевска и Бертан Аслани се смирија по стоти пат!
Ламбе и Маги ќе прават две свадби
Боки 13 се излажа?!

Ostavi komentar