Повеќе од пет илјади фанови на единствениот Слаткаристика се насобраа во Метрополис Арената за да го проследат второто спектакуларно хип хоп случување. Откако Слаткар се појави на сцената, целата публика ги крена рацете нагоре и почна да го ужива хипхоп ритамот заедно со домакинот. Најмалиот негов фан имаше само 4 години, а беше дојден соцелото семејство. Интерсно беше што сите беа облечени раперски, носеа акцесоар прикладен со стилот и рапуваа од почеток до крај на концертот. Уште еднаш се докажа дека Слаткаристика има голем број на подржувачи. Атмосферата се вжешти кога на средина од концертот како во стилот на холивудските концертни случувања, со Хамер пристигна раперот Тони Зен, изведувајќи ја песната “Во мој стил“. Патем, во салата беа и родителите на Марко, горди што нивниот син со успех да ја одбележува и 2010 година.


Podeli sa prijateljima