
Елвир Мекиќ умее да ужива. Зимскиот одмор го помина во Сараево кај својата девојка, а првите денови на пролетта ги дочека одмарајќи се во еден од најубавите европски градови Венеција. Да “скокне“ до Италија, популарнијот пејач сосема случајно се одлучил. По успешниот настап во Плјаченца, Елвир заминал на неколку часовна прошетка низ Венеција, но не можејќи да им одолее на убавините на градот, решил да остане цели пет дена. Па така популарниот чаирски шмекер преку ден шетал низ бутиците, продавниците и кафетериите, а се возел и во гондоли, а вечерта била резервирана за дружење со згодните Италијанки во кафулињата. Овој кус одмор Елвир го чинел, ни помалку ни повеќе, туку 4 илјади евра.
Podeli sa prijateljima
RSS
TWITTER
FB





Ostavi komentar: