Случувањата во мегапопуларното реално шоу “ВИП Големиот брат“ изгледа станаа моден “ин“ во приватниот живот на естрадните ѕвезди. По примерот на Анабела и Младен, кои во шоуто добија улоги на родители, чаирскиот шмекер Елвир Мекиќ во култното кафуле “Чао“ се прошета со бебе. Дали пејачот сака да стане татко, па ова му е мала подготовка или сака да биде модерен фраер, не сакаше да ни открие. Ние само видовме како малото девојче го помочка чичко Елвир, се изнаплака најгласно што можеше – за да разберат присутните во кафулето дека е таму - и на крај си заспа во неговите прегратки. Чие е детето, не успеавме да дознаеме, ама сепак беше во сигурни раце. Од она што го забележавме, ако пејачот реши да ја смени професијата, слободно може да заработува како дадилка.


Podeli sa prijateljima