Ма какво сало, каков вишок килограми, Деана не дозволува зимското мени да и ги расипе половината и задникот. Па затоа секој викенд ги грабнува скиите и правец - планина. Зимата е променлива, снег де има, де нема. Затоа Деана е “принудена“ да го довикува снегот како Индијанка кога танцува на дожд, добро де, на малку поурбан начин. Со скиите на рамо, таа го рашетува маалото, убедена дека со тоа ќе го разбие малерот и снегот ќе почне да паѓа. А ако скиите и тежат, кавалерите се тука. Што би се рекло - не се остава дама сама во неволја.
 


Podeli sa prijateljima